Извор: denesen.mk
Во Собранието продолжува дебатата по предлог-ребалансот на буџетот

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Власта и опозицијата и денеска ги вкрстија аргументите за предлог-ребалансот на буџетот. За власта, тој е одговор на актуелните геополитички случувања и показател за одговорни политики, а според опозицијата, фискален пораз на една неодговорна политика. Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека буџетот не е статичен документ и тој мора да одговори на реалните околности, особено кога економските услови и очекувањата за негово извршување се менуваат. – Суштината на овој ребаланс е јасна: да се усогласат буџетските средства со реалната динамика на проектите, а истовремено да се продолжи со инвестициите што ги поврзуваат регионите, ги развиваат општините и создаваат услови да продолжи економскиот раст – рече Петрушевски.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.