Извор: kurir.mk
Абу Даби со два завршни турнири во Евролигата!

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Завршниот турнир во Евролигата во 2027 и 2029 ќе се одржи во Абу Даби. „Фајнал-форот“ во 2027 година ќе се игра во „Етихад арена“ на 28 и 30 мај, кога четирите најдобри екипи во Европа ќе се борат за шампионската титула. Полуфиналните натпревари се закажани за петок, 28 мај, додека завршницата ќе се одржи во недела, на 30 мај. Програмата во неделата ќе ја отвори финалето на младинскиот турнир „Адидaс НекстЏен“, по што ќе следува дуелот за трофејот во Евролигата. Претседателот на Евролигата, Дејан Бодирога, го поздрави продолжувањето на соработката со Абу Даби и потсети на успешното издание од 2025 година.„Огромно задоволство е да објавиме дека „фајнал-форот“ ќе се врати во Абу Даби. Би сакал да му се заблагодарам на Абу Даби за континуираната поддршка и доверба. Заедно организиравме еден од најдобрите турнири во нашата 26-годишна историја, покажувајќи ја огромната глобална привлечност на доживувањето што го нуди Евролигата. Овој нов чекор ја потврдува нашата заедничка посветеност на развојот на кошарката и создавањето незаборавни доживувања за навивачите“, изјави Бодирога.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.