Извор: inovativnost.mk
По три комплексни и успешни операции Афаф Елмради самостојно си оди дома

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Пред една и пол година, пациентката Афаф Елмради беше подложена на комплексна кардиоваскуларна операција, која бараше исклучителна хируршка прецизност, искуство и внимателно планирање. Операцијата ја изврши проф. д-р Жан Митрев, со што започна еден значаен дел од нејзиниот медицински пат. „Прво имав мака од срце a не ни знаев за тоа. Отидов на регуларен преглед кај еден интернист и тој ми рече итно да одам во кардиохирургија затоа што состојбата ми беше многу лоша. Дојдов тука каде веднаш ме примија и самиот д-р Жан Митрев ме оперираше и немав никакви постоперативни проблеми, како воопшто да не сум ни оперирана“, вели Елмради. Кај пациентката беше извршена реконструкција на аортниот корен со замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза, како и реимплантација на левата и десната коронарна артерија на протезата. Станува збор за комплексна кардиохируршка интервенција позната како Тајрон Давид процедура, со која се реконструира аортниот корен и се заменува заболениот дел од асцендентната аорта, со зачувување на природната аортна валвула кога анатомските услови го дозволуваат тоа.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.