Извор: inovativnost.mk
Diamond Mall одбележува три години со нови содржини, брендови и иницијативи за заедницата

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Diamond Mall го одбележува својот трет роденден со голема прослава за посетителите, нови содржини и иницијативи за заедницата, како и со продолжување на развојот на својата понуда со нови брендови и концепти. Централниот дел од роденденската програма ќе биде големиот музички настан со настапи на Петар Грашо и Јелена Розга. Прославата е замислена како спој на музика, забава и дружење, во духот на концептот што Diamond Mall го развива од своето отворање – да биде повеќе од место за купување и да создава различни искуства за посетителите. „Кога пред три години го отворивме Diamond Mall, нашата амбиција беше да создадеме многу повеќе од трговски центар. Сакавме ова да биде место кое ќе живее со градот и со луѓето – место за средби, нови искуства, добра храна, забава и време поминато заедно. Денес, по три години, продолжуваме да се развиваме токму во таа насока, следејќи ги навиките и очекувањата на нашите посетители“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Лимак Скопје.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.