Северна Македонија
Извор: mkd.mk

Документарниот филм „Руини“ од 29 октомври во Синеплекс

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

По светската премиера на Шангајскиот интернационален филмски фестивал и македонската премиера на „МакеДокс“, долгометражниот документарен филм „Руини“, во режија и по сценарио на Елена Чемерска, од 29 октомври ќе се прикажува во киното Синеплекс. Филмот ќе се прикажува секој ден со почеток во 20 часот, а во недела ќе има две проекции, во 16 и во 20 часот. „Руини“ е интимен документарен филм за личната и колективната меморија, загубата и наследството, во кој процесот на ревитализација на Споменикот на слободата во Кочани се претвора во патување низ сеќавањето и времето. Враќајќи се во Македонија за да го започне процесот на ревитализација на споменикот создаден од нејзиниот покоен татко, уметникот Глигор Чемерски, и од архитектот Радован Раѓеновиќ, Чемерска ги испреплетува архивските снимки и личните сеќавања со сегашноста на споменикот. Преку оваа лична приказна филмот ги отвора прашањата за загубата, наследството и исчезнувањето на некогаш споделениот општествен идеализам.
Прочитај го целиот напис на MKD.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.