Северна Македонија
Извор: skopje1.mk

По 20 години повторно поставена бистата на Стив Наумов пред студентскиот дом

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

По речиси две децении, пред студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда повторно е поставена бистата на народниот херој Стефан Стив Наумов. Споменикот беше откриен денеска, на денот кога се одбележуваат 106 години од неговото раѓање, во присуство на претставници на Сојузот на борците од НОВ, кои положија цвеќе. Обновата е реализирана на иницијатива на Димитар Бојков, внук од сестра на Наумов, со поддршка од Министерството за образование и наука, Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ – Гази Баба и раководството на Државниот студентски дом „Скопје“. Бојков посочи дека претходната биста била украдена, а постаментот со текот на времето почнал да се оштетува. И покрај повеќегодишните барања за обнова, споменикот не бил обновен поради недостиг од средства. Тој им се заблагодари на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и на нејзините соработници за обезбедувањето средства, како и на вајарот Далибор Николовски – Дачо, кој ја изработил новата биста.
Прочитај го целиот напис на Skopje1

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.