Извор: centar.mk
Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Во период од 19 до 26 октомври, Општина Карпош и Град Скопје, спроведоа заедничка инспекциска акција на целата територија на Општината. Целта беше да се постигне комунален ред и хигиена на јавните површини, со примена на засилена контрола на терен од страна на комунални инспектори. Акцијата беше реализирана со полн капацитет на инспекциските служби од двете институции, а Општината беше поделена на пет реони од кој секој реон беше предмет на контрола во две смени. Во текот на вчерашниот ден, акцијата заврши со целосна контрола на територија на Бардовци и Злокуќани, каде што беше спроведено и чистење на јавни површини, диви депонии, а беа изречени и повеќе прекршочни платни налози. Во акцијата учествуваа вкупно 45 инспектори и комунални редари од двете институции и тоа: девет комунални инспектори, 17 комунални редари, еден градежен иснпектор, шест инспектори за животна средина, двајца инспектори за патишта, двајца инспектори за сообраќај, двајца инспектори за комунални такси, еден инспектор за данок, тројца инспектори за спорт и двајца инспектори за туризам, како и службата за одржување на хигиена на јавните површини од Општина Карпош.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.