Извор: mkd.mk
Потпишана Националната програма за достоинствена работа 2026–2030

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Организациите на работодавачите, синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ) денеска во Владата ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030, потврдувајќи ја својата заедничка заложба за инклузивен економски раст, квалитетни и продуктивни работни места и посилни институции на пазарот на трудот. Изработена преку трипартитни консултации, Програмата обезбедува рамка за соработка меѓу МОТ и нејзините трипартитни конституенти во земјава, информираат од Министерството за економија и труд. Таа е усогласена со Рамката на Обединетите нации за соработка за одржлив развој (UNSDCF) 2026–2030, придонесувајќи кон остварувањето на нејзиниот стратешки приоритет за одржлива економија и достоинствена работа. Програмата, исто така, ги поврзува реформите на пазарот на трудот со пошироката агенда на земјата за одржлив развој и со целите за европска интеграција.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.