Извор: plusinfo.mk
Игри со демократијата

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Демократските игри во Србија не завршуваат со победата на изборите. Тие допрва почнуваат! Но српските студенти и демократската младина имаа(т) една огромна предност во споредба со, на пример, некогашните македонски протести викани „Шарена револуција“: не дозволија да им се закачат крлежи од типот на одамна смирисаната македонска „интелектуала“ и, особено, политиката да им ги украде протестите и перфидно да ги пренасочи во сопствена насока. На тоа мислев кога напишав дека демократско-политичките игри таму допрва почнуваат зашто и кај нив политиканти од секаков вид чекаат зад секој агол да се закачат зад победата и да ушиќарат нешто за себе. Белки студентите ќе бидат доволно паметни да го ескивираат тоа?! Но, и студентскиот отпор во Србија, како и сите други такви движења и (особено) револуции не се ценат само по првичните победнички резултати туку првенствено според понатамошниот тек на „револуцијата“ односно практикувањето на власта. Тоа се вистинските ефекти и тука, историски гледано, револуциите најчесто потклекнуваат. Некои завршуваат и многу неславно, па и во крв, „јадејќи“ ги своите деца.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.