Извор: meta.mk
Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Ј.М., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што наведуваат оттаму, пријавата е поднесена зашто не постапил по одлуките за исплата на долгови кон две фирми, па како последица на тоа, на Пошта ѝ била предизвикана штета од речиси 11 милиони денари по основ на казнени камати. Кривичната пријава, како што инфомираат во Финансиаката полиција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 од Кривичниот законик. „Во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари“, наведено е во соопштението.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.