Извор: kurir.mk
Чупиќ: Сакаме победа во Нант!

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, најави дека неговиот тим ќе се бори за победа на гостувањето кај Нант. Вардар мора да ја покаже препознатливата борбеност и вистинскиот менталитет, без оглед на околностите. „Сакаме да победиме и да останеме конкурентни, како што бевме и досега. Знаеме дека е многу тешко да се победи во Нант. Не сакам да размислуваме дека е доволно само да одиграме добар натпревар и да оставиме позитивен впечаток. Мораме да се бориме и да го покажеме вистинскиот пристап и менталитет, како што сме правеле секогаш. Тоа никогаш не смее да недостасува во нашата игра. Ова се тешки моменти за нас. Имавме високи очекувања и се надевавме дека ќе ја минеме групната фаза. Сепак, сакаме да испратиме порака за иднината - дека сè уште сме тука, дека сме конкурентни и дека овој тим продолжува да се развива. Секој натпревар во Лигата на шампионите за нас е како финале. Мораме да се претставиме во вистинско светло и да учиме од секој меч“, истакна тренерот на Вардар.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.