Извор: mkd.mk
ДОМ: Колкави дата-центри планира Владата?

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата нема да се повлече од плановите за изградба на дата-центри и дека Македонија треба да фати чекор со технолошкиот развој отвораат сериозни прашања. Затоа ДОМ прашува: колку големи дата-центри планира Владата и колкав товар тие би претставувале за македонскиот енергетски систем?, се вели во соопштението од ДОМ. „Со развојот на вештачката интелигенција, во светот се развиваат хипердата центри со моќности од стотици мегавати, а најголемите проекти надминуваат и 1000 MW. Владата досега зборува за преговори со 5–6 потенцијални инвеститори и за создавање центар за ваков тип индустрија. Тоа не значи дека се најавени пет дата-центри со вкупна моќност од 500 MW. Но, токму затоа јавноста мора да знае за какви капацитети се разговара, колкава би била нивната моќност и какви потреби би имале од електрична енергија, мрежна инфраструктура и вода.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.