Извор: mkd.mk
Отворена изложбата „Револуција во кадар“

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) синоќа беше отворена изложбата „Револуција во кадар – ВМРО низ фотографии 1893 -1934“, која содржи 60 оригинални фотографии од македонското револуционерно минато – избор од приватната колекција на авторите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Значителен дел од историските фотографии досега не биле претставени пред јавноста. Поставката нуди фотографско патување низ четири децении од македонската историја, почнувајќи од основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, па сè до политичките и општествените случувања во меѓувоениот период, заклучно со 1934 година. Преку оригинални портрети, групни фотографии и ретки визуелни сведоштва, посетителите во наредната седмица, до кога ќе биде поставена изложбата, ќе може да се запознаат со ликовите на македонски револуционери, војводи, комити, интелектуалци, црковни дејци и жени вклучени во револуционерното движење. Покрај познатите личности, изложбата претставува и помалку познати или речиси заборавени учесници во македонската револуционерна историја.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.