Извор: skopje1.mk
Променливо облачно и посвежо време, на планините можен снег

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со услови за дожд во северните делови од земјата. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој наместа повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 17 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, со услови за дожд и умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.