Извор: lokalno.mk
Мухамед Зеќири доби 19 месеци затвор од Апелација

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Апелациониот суд го осуди поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири на 1 година и 7 месеци затвор, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во Македонија. Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со договори за консултантски услуги за анализа на ситуации и евентуална приватизација на „Македонска пошта“ и на „Македонски железници“, без постапка за јавна набавка. Одлуката доаѓа по долг процес во кој имаше бројни одложувања, поништени пресуди и повторно судење. Зеќири има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од 8 дена. Според Обвинителството, договорите предизвикале штета на државниот буџет од над 1,1 милион евра. Апелациониот суд нагласува дека за ова е наредена конфискација на имотот на компанијата изведувач „Интерхолдинг“, но не и против Зеќири.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.