Извор: denesen.mk
Доцната вечера може да му штети на црниот дроб

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Според обемно истражување спроведено од Универзитетот за здравје и наука на Орегон, објавена во Клиничкото списание за гастроентерологија и хепатологија (Clinical Gastroenterology and Hepatology), оброците доцна навечер може да го изложат црниот дроб на опасност. Претходните истражувања го поврзуваа јадењето доцна навечер со кардиоваскуларните тешкотии и дебелината, но истражувачкиот тим сега се обиде да утврди дали и оваа навика може да биде поврзана со заболувањата на црниот дроб. Истражувачите ги анализирале податоците од три големи национални истражувања, што опфатиле скоро 200.000 учесници. Тие дале информации за своите навики во исхраната, дневните рутини и други фактори поврзани со начинот на живот. Учесниците биле категоризирани врз основа на времето кога вообичаено јадат, а овие обрасци биле споредени со податоците за замастен црн дроб и цироза.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.