Извор: press24.mk
Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да учествува на трилатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, додавајќи дека смета оти е време некој друг да преговара во име на Украина. Главна тема на разговорите, кои би можеле да се одржат следниот месец во Кина на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), би биле нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување, објави „Аксиос“. „Ќе разговараме за нуклеарно оружје и нуклеарно разоружување. Доколку претседателот Си сака да ја одржи средбата, јас би учествувал“, изјави Трамп пред новинарите пред Белата куќа.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.