Извор: press24.mk
58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:
Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на подрачјето на цела држава насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. При спроведената контрола алкотестирани се 772 возачи, при што кај 61 возач е утврдено присуство на алкохол во организмот. Од нив, 14 возачи сториле кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰, соопштија од МВР. „Во рамки на контролата, на 58 возачи им се одземени возачките дозволи, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се и две моторни возила.
Копчето „Отвори оригинал“ ја отвора страницата на издавачот во ново јазиче, надвор од мрежата izvor.
Инсталирај ја нашата апликација и следи ги најновите настани од твоите држави и теми.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.