Северна Македонија
Извор: kurir.mk

Италијанскиот тренер не е идеална замена за Керик во Манчестер Јунајтед

Оригиналната страница моментално не може да се прикаже во izvor, тука можеш да го прочиташ достапното резиме:

Црвениот аларм во редовите на Манчестер Јунајтед одамна свети, а можна е промена и на менаџерската позиција. Ланската сезона менаџерот Мајкл Керик ја заврши со серија одлични резултати, но во новата сезона поранешниот играч на „црвените ѓаволи“ ги нема посакуваните резултати откако доби перманентен договор со клубот. Манчестер Јунајтед на осум натпревари е без победа со три нерешени резултати во сите натпреварувања, а притоа имаат и елиминација во Лига купот. Според британските медиуми се гласни се шпекулациите дека Антонио Конте е може наследник на Керик. Но, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг смета дека тоа ќе биде голема грешка на раководството и дека италијанскиот тренер не е решение за премиерлигашот. Имам работено со него, тој тип е комплетно луд. Тренинзите се исклучително напорни се трча многу се игра 11 на 11, изјави Јанг. Инаку, Конте му беше тренер на Јанг, додека фудбалерот настапуваше за Интер.
Прочитај го целиот напис на Kurir.mk

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.