Северна Македонија
Извор: vecer.mk

Се уште нема дијагноза: Компани е подобар, но останува во болница

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.

Здравствената состојба на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, е стабилна, но лекарските прегледи сè уште не донеле конечна дијагноза. Ова го потврди спортскиот директор на баварскиот клуб, Макс Еберл, по победата од 3:1 над Фрајбург во седмото коло од Бундеслигата. Компани заврши во болница откако колабираше за време на тренинг на резервниот тим на Баерн. Според Еберл, белгискиот стратег повеќе нема главоболки, но ќе остане под лекарски надзор додека не се утврди причината за неговата состојба. „Состојбата на Вини е стабилна. Повеќе нема главоболки и ќе продолжи да биде под надзор на специјалисти. Го оставивме на мир. Винсент треба да ја дочека дијагнозата, па потоа ќе знаеме што треба да се направи. Засега нема конечна дијагноза“, порача Еберл.
Прочитај го целиот напис на Večer

Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.

Коментари

Коментари

Разговор за приказната на izvor.

Најави се за коментирање
  1. Започни разговор за оваа приказна.