Извор: lokalno.mk
Граѓани упаднаа во телевизија „Информер“ во Белград, прекината програмата во живо

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
Група граѓани вечерва упадна во зградата на телевизијата „Информер“ во Белград и го прекина редовното емитување на програмата, објавија српските медиуми. Според медиумските извештаи, собраните најпрво се окупирале пред влезот на телевизијата, каде што извикувале пароли упатени кон сопственикот и главен и одговорен уредник Драган Ј. Вучичевиќ. Потоа дел од нив влегле во зградата и во просториите на редакцијата, додека во живо се емитувала емисијата „Колегиум“. Вучичевиќ во текот на емисијата повикал полиција и Брза помош, барајќи интервенција и евакуација на вработените. По вербалната расправија со собраните, тој и дел од новинарите го напуштиле студиото. Редовниот телевизиски сигнал бил прекинат, а на екраните се емитувале снимки од инцидентот.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.