Извор: denesen.mk
ЖИВОТНИТЕ ПРИКАЗНИ НА БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ: Големата тајна

Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
„Во животот има две трагедии. Едната е кога нема да ја оствариш желбата на своето срце, а другата е кога ќе ја оствариш“, Џ.Б.Шо Откако еднаш јавно кажав дека пишувам по нарачка, а по потреба одам и по куќи, не можам да навасам. Нарачки добивам од сите страни. Муштериите (читателите) најчесто сакаат да читаат за актуелни настани. А тоа најчесто е криминал, црна хроника и трачеви, башка хороскоп. Јас повеќе сакам да пишувам за минатото. Не е тоа некој мој каприц, екстраваганција, а уште помалку носталгија. Едноставно се враќам таму каде што можам да се вратам. Еден мој колега пензионер, тврди дека минатото било убаво затоа што тогаш сè уште не било минато. Добро. Еднаш тргнав и кон иднината ама се пишманив, откако сфатив дека патот кон неа води низ сегашноста. А таа пустата ме нервира. Во сегашноста сите сакаат да остават трага. Малкумина се прашуваат дали таа трага е од кондура или од мозок.
Cijeli članak i autorstvo pripadaju izvornom izdavaču.
Коментари
Разговор за приказната на izvor.